Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Премиерот Мицкоски е во право кога бара прво усогласување на Акцискиот план…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски е во право кога бара прво усогласување на Акцискиот план за малцинствата со сите 27 земји членки на ЕУ, па потоа внесување на Бугарите во Уставот. Македонија треба да знае што конкретно да очекува во преговорите и какви гаранции ќе добие пред да преземе нова обврска. За познавачите, клучната дилема е дали уставните измени ќе бидат последната пречка за Македонија на патот кон ЕУ или, пак, без јасни гаранции, државата ризикува да се соочи со нови условувања.

„Инсистирањето на премиерот Мицкоски има јасна политичка, дипломатска, правна, па, ако сакате, и една морална логика. Зошто Македонија да пристапи кон уставни измени ако и по нивното усвојување постои реална можност Бугарија повторно да го блокира процесот, овој пат, нели, поради Акцискиот план? Значи, Акцискиот план не е ништо друго туку обврска од европскиот преговарачки процес кој го склучивме во 2022 година. За мене, суштинското прашање не е дали Мицкоски купува време, туку дали тоа време ќе го искористи за обезбедување конкретни дипломатски резултати и поголема сигурност за Македонија“, изјави аналитичарот Јове Кекеновски.

За Кекеновски, симптоматично е тоа што само Бугарија, од сите 27 земји членки на ЕУ, има забелешки на Акцискиот план, и покрај тоа што Македонија веќе има развиен уставен и законски систем за заштита на правата на сите етнички заедници.

Реклама

„Јас сакам да го поставам следното прашање: што конкретно е спорно во тој Акциски план и дали бугарските барања произлегуваат од европските стандарди или претставуваат дополнителни билатерални условувања? Затоа Македонија и Мицкоски, сметам дека, доследно инсистираат на почитување на европските стандарди за сите заедници, но и на тоа билатералните спорови да не се претвораат во постојан инструмент за блокирање на евроинтеграциите на нашата држава“, изјави аналитичарот Јове Кекеновски.

Во заднина на деценискиот спор меѓу Скопје и Софија стојат несогласувањата околу историјата, јазикот и националниот идентитет, па оттука Кекеновски смета дека усогласувањето на Акцискиот план би било чекор кон поголема предвидливост, но не и автоматско решение за блокадата.

„Доколку Акцискиот план биде прифатен од сите 27 членки на ЕУ, Македонија ќе отстрани едно отворено спорно прашање и ќе добие поголема политичка предвидливост во целокупниот понатамошен преговарачки процес. Меѓутоа, усогласувањето на планот не ги заменува уставните измени, кои и натаму остануваат услов според постојната Преговарачка рамка“, изјави аналитичарот Јове Кекеновски.

За Кекеновски, Македонија нема друга алтернатива и мора да продолжи на патот кон ЕУ, но Владата мора да внимава и на заштитата на националните интереси. Европската Унија мора да има јасни правила на игра, но истовремено да даде и цврсти гаранции за да не се наруши националното достоинство на Македонија.