Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобрата превенција за да се заштитат граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобрата превенција за да се заштитат граѓаните од компликации. Овој речиси секојдневен апел од докторите треба да ги поттикне на имунизација граѓаните од ризичните група, како хронично болните, бремените жени и лицата над 65 години. Но вакцината за грип не е намената за секого и не треба да се прими без претходна медицинска проценка. Ова е вториот  апел од докторите, кои предупредуваат дека постојат одредени состојби  кај некои граѓани каде што оваа вакцина не е препорачана и  никако не смеат да ја примат.

-Тоа се доенчињата до шест месечна возраст, сите оние пациенти кои што се алергични односно добиле некоја анафилактична реакција од претходна вакцинација на сезонски грип и секако овдека спаѓаат и сите оние пациенти кои што да речеме во моментот кога доаѓаат да се вакцинираат имаат некоја активна инфекција односно болест. Исто така не смеат да се вакицнираат лицата што се алергични на јајце и на пилешко месо и одредени делови од пилешкиот ембрион не смеат да се вакцинираат, но исто така и сите пациенти кои што се со одредени нарушувања во коагулациониот систем–вели др. Каролина Ристова Стефановска раководител во Здравствен Дом Скопје.

За сите останати вакцината против сезонскиот грип е безбедна и  лекарите советуваат да не се избегнува  имунизацијата  пред почетокот на сезоаната на вирусот, бидејќи се потребни две до две ипол недели да се создадат антитела односно имунитет.  Тоа би било доволно за да бидат заштитени кога ќе дојдат во контакт со вирусот на грип. Повеќето од граѓаните  се информирани за почетокот на вакцинацијата и многумина од нив веќе се пријавиле за имунизација. Дел од нив се вакцинираат речиси  секоја година.

Реклама

-Се вакцинираме, секогаш се вакцинираме, покани ни стасуват дури и дома за вакцини. Кога ќе стасат ние си одиме.

-Три пати сум вакциниран, сега би требало пак да се вакцинирам.

-Јас се вакцинирам задниве три години редовно и сега се пријавив, чекам само порака кога ми е терминот за вакцинирање.

-Никако не се вакцинирам, не сум се вакцинирал до сега и нема да се вакцинирам.

-Кога фаќав грип многу проблеми имав цел месец, задниве три години ниеднаш не сум настинал, не сум фатил грип.

-Да едвај чекам, да да секоја година и значително ми се подобри здравствената состојба после вакцинација. И препорачувам топло професор сум на Медицинскиот  факултет и голем приврзаник на вакцинацијата- велат граѓаните кои ги анкетиравме

Надлежните информираат дека за  само два дена бројката на вакцинирани  граѓани надминала осумстотини. Платформата вакцинација.мк е постојано активна и сите заинтересирани сеуште  можат да се пријават. По пријавувањето се добива смс порака каде и кога треба да се прими вакцината. Засега први кои се вакцинираат се  се токму граѓаните од критичната категорија на кои им се дава предност  бидејќи можат да равијат сериозни комликации.

-Вакцинцијата против сезонски грип не само што ќе спречи односно таа нема да спречи тоа мораме да го разјасниме, таа нема да спречи да не дојдеме во контакт со вирусот, меѓутоа ќе спречи да дојдеме до потешка клиничка слика, да можноста од хоспитализација ќени  ја намали, меѓуота она што е битно опасноста од постоечките компликации посебно кај онаа група ранлива катергорија  на граѓани– вели др. Каролина Ристова Стефановска раководител во Здравствен Дом Скопје.

И оваа година покрај вакцинирањето во пунктовите , мобилни медицински екипи ќе ги посетуваат повозрасните и неподвижни лица во нивните домови. До сега за вакцинација се пријавиле над  55.535 граѓани, од кои повеќе од 60 отсто се постари од 65 години.  Во земјава се пристигнати првите 30 000 дози на вакцини за сезонски грип , а според најавите на здравствените власти, до 15 ноември се очекува и втората пратка од 26 000 вакцини. Инаку за две недели има  65 сомнителни на зараза со грип и два потврдени слуачи на вирусот од типот А.