Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Иванов по повод 23 Октомври: Секоја генерација има своја борба, нашиот стремеж е кон подобар и подостоинствен живот, тука во Македонија

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 23 Октомври – Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите граѓани, порачувајќи дека овој празник потсетува на значењето на единството, истрајноста и заедничката борба за слобода и напредок на државата.

Во честитката, Иванов потсетува дека со формирањето на Македонската револуционерна организација, на 23 Октомври 1893 година, од шестемина македонски дејци, Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев се оствари една визија, една единствена цел за исполнување на вековниот сон за слободна Македонија.

-Создавањето на револуционерната организација беше инспирирана од слободарските идеали на целокупниот народ и во неа се вградија луѓе од различни социјални слоеви, со различна верска и етничка припадност и со различни политички идеологии. Нивната заедничка цел – политичка и социјална слобода на Македонија, беше поттик за обединување на севкупното граѓанство – порачува Иванов.

Реклама

Македонска револуционерна борб, нагласува Иванов, а донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации.

-Славејќи го денот на шесттемина основоположници на идеата за слободна, суверена и демократска Македонија, ние се потсетуваме на суштината на овој светол празник. А тоа е дека само кога сме сплотени, истрајни и цврсти во одлуката секогаш победуваме. Денес ние, како следбеници на нашите предци, почитувајќи ја историската реалност, треба да создадеме иднина за нашите потомци. Секоја генерација има своја борба и стремеж. Нашиот стремеж е кон подобар и подостоинствен живот, тука, во Република Македонија – нагласува Иванов.

На крајот од честитката, поранешниот претседател Иавнов им го честита празникот на граѓаните со порака „Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Да живее Македонија!“.