Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ферати и амбасадорката Аксинте разговараа за правата на заедниците и зачувувањето на влашката култура

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати и амбасадорката на Романија, Адела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, оствариле средба на која разговарале за унапредување на билатералната соработка во областа на заштитата на правата на сите заедници во Македонија, како и за зачувување на традициите, јазикот, културата и наследството на влашката заедница во земјата.

Ферати и Аксинте, како што информираат од Министерството, ги оцениле како одлични билатералните односи што се градат со години, партнерството меѓу двете пријателски земји и сојузнички во Северноатлантската алијанса, како и подготвеноста на Романија да го сподели своето искуство во процесот на приближување кон Европската Унија.

На средбата, Ферати ја информирал амбасадорката Аксинте за работата на Министерството, активностите за градење доверба, промовирањето на вредностите, унапредувањето на соработката и спроведувањето различни активности, особено со младите. Тој истакнал дека, иако раководењето со Министерството го презел пред само три месеци, е забележан видлив напредок во неколку области, вклучително и во соработката со медиумите, со цел намалување на тензиите и спречување на говорот на омраза.

Реклама

Амбасадорката на Романија изразила задоволство од работата на Министерството, но истовремено ја истакна загриженоста поради малиот број влашки ученици кои ја следат наставата на својот мајчин јазик, меѓу другото и поради недостигот на наставен кадар. Ферати, се вели во соопштението, ја уверил амбасадорката дека Министерството ќе ги поздрави предлозите од Амбасадата на Романија, влашката заедница и граѓанското општество, со цел да се поттикнат влашките деца да го изучуваат јазикот на своите родители, како и да се промовираат културата и традициите на оваа заедница.