Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Големиот поход на Гоце Делчев и Битолскиот револуционерен округ во 1901 година

Во срцето на Битола, недалеку од денешниот плоштад „Гоце Делчев“, во куќата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во срцето на Битола, недалеку од денешниот плоштад „Гоце Делчев“, во куќата на револуционерот Михаил Ракиџиев, денес Спомен куќа во надлежност на НУ Завод и Музеј, пулсира споменот од престојот на Гоце Делчев во градот под Пелистер во 1901 година.

Точно пред 125 години, кон крајот на октомври и почетокот на ноември, Гоце Делчев во Битола го реализира познатиот Голем поход, го консолидира Битолскиот револуционерен округ и во директни средби со Даме Груев, кој по Попставревата афера е затворен во битолскиот затвор, утврдува идни активности на македонските револуционери вклучени во борбата за слободна Македонија.

Сведоштва за случувања во куќата: Гоце Делчев пиел многу кафе и пушел многу цигари

Реклама

Во Спомен куќата изложено е оружје користено во периодот од 1901 до 1903 година, изложен е факсимил од Правилник за четите на ТМОРО кој го изработил Гоце Делчев, има етнолошка соба со фигурата на Гоце во работна атмосфера, во раката има цигарлук, а покрај него пепелник со многу испушени цигари.

-Според сеќавањата на бабичката која варела кафе во куќата на Михаил Ракиџиев, Гоце Делчев пушел многу цигари. На неговиот цигарлук, налик на денешно луле, пишувало Кукуш. Пепелникот пред Гоце редовно бил преполн со испушени цигари. Но, според сведоштвото на бабичката, Гоце освен цигари, пиел многу кафе. Премногу цигари и кафе. Соборците ги гледал право во очи, а тие пак на него гледале со голем восхит, дури не им се верувало дека тој е во нивна близина, дека е во лична посета и во непосреден разговор. Човекот со ретки организациски способности презентирал силен дух и волја за успех во борбата за слобода на Македонија. 

Првиот ден бил пречекан од членовите на Организацијата, Анастас Лозанчев, Ѓорги поп Христов, Александар Ефтимов, Аце Дорев, Рафаел Камхи како единствен Евреин кој се приклучил на Организацијата, потоа Никола Петров Русински, Ѓорги Сугарев, Христо Узунов и Јордан Пиперката, сите членови на Битолскиот револуционерен округ кој опфаќал голема територија во Македонија, осносно Битола и Ресен, а во Егејска Македонија, градовите Костур, Воден и Лерин, посочи нашиот домаќин м-р Филип Талевски, кустос по музејска дејност во НУ Завод и Музеј Битола

Попставревата афера и средбите на Гоце Делчев со Даме Груев во битолскиот затвор

Попставревата афера е поврзана со попот Ставре кој служел во битолската црква „Света Богородица“. Во тоа време, членови на организацијата го посетиле поп Ставре во црквата и побарале финансиска поддршка за организацијата. Но, поп Ставре наместо да даде поддршка, ги кажал кај османлиите, а на договорениот ден во престрелка попот Ставре загинал. 

-Веднаш по престрелката османлиите заминале во Смилево во домот на Даме Груев, го уапсиле и го затвориле. Груев разбрал за престрелката во Битола, сватил зошто е упасен, и на османлиите им рекол –„знам зошто сум ви битен!“. По затворањето на Груев во битолскиот затвор, Гоце Делчев во две посети, остварува две средби со Даме. Првиот пат е облечен со костум како трговец и богат човек, влегува во затворот и на Груев му пренесува информации за Организацијата и состаноците во Битолскиот револуционерен округ. На втората средба при посетата во затворот, Гоце Делчев кај Даме Груев доаѓа облечен како селски даскал, со искинати ветви алишта и со опинци. Влегува во затворот незабележан и со Груев ги разменува најновите информации и активности вклучувајќи избор на луѓе во Битолскиот револуционерен округ.

За јавноста можеби непознато, но во оваа прилика сакам да истакнам дека Гоце Делчев не сакал да се фотографира, а од неколкуте слики што и денес се на достап на јавноста се направени повеќе верзии. Гоце Делчев не сакал да се слика за да не го издаде својот лик бидејќи неговата активност била на терен, разнесувал оружје низ целата територија, подготвил мрежа, канали низ кои ќе се движи оружјето низ цела Македонија, а кога зборувам за Македонија мислам на Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија. По средбите со Груев, Гоце се префрла во јужниот дел на Битолскиот револуционерен округ – посочи Талевски.

Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола денес не крие тајни, напротив јавно пред народот ги расветлува настаните од 1901 година. Посетителите со внимание се информираат за Големиот поход на Гоце Делчев, за реформите, Правилникот за дејствување на четите и Четничкиот институт, целосно дело на Гоце. Успешната реформа е забележана и потврдена од претседателот на Организацијата Христо Татарчев кој во 1900 година напишал –„земјата веќе е прошарана со чети“. 

Секој со внимание ги гледа и чита поставените информативни паноа и излози, Библијата, револверот и кама на кои се положувала заклетва при влез во Македонската револуционерна организација. Секој почеток и крај на посетите завршува со поклонување пред изложениот портрет на Гоце Делчев, изработен од еден од најзначајните македонски академски сликари и педагози, Борислав Траиковски, основоположник на современата ликовна уметност во Битола и Македонија.