По повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, информираат од јавното градско претпријатие.
Со редовно работно време, како што велат, ќе се продолжи од сабота 24 октомври.
-Ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk , посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

