Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

„Макфест“ ќе ја збогати македонската музичка сцена со нови 27 песни

Годинешното издние на фестивалот „Макфест“ ќе се одржи на 30 и 31…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинешното издние на фестивалот „Макфест“ ќе се одржи на 30 и 31 октомври во Штип, кој ќе биде епицентар на случувањата на сè што е поврзано со актуелната македонска музика и целата естрада ќе биде во Штип.

Годинашниов „Макфест“ ќе ја збогати македонската музичка сцена со нови 27 песни. 

На денешната прес-конференција во Скопје за 41. издание на фестивалот, беше истакнато дека покрај добро познати имиња, публиката ќе има можност да се запознае и со нови таленти.

Реклама

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов рече дека Општина Штип продолжува да биде традиционален главен поддржувач на овој фестивал.

– Можеби една од ретките општини што создава македонска музика, затоа што „Макфест“ е единствен фестивал на забавна музика и преку ова очекувам и оваа година да има добри композиции, композитори кои ќе се промовираат, но и изведувачи. Пред сè затоа што „Макфест“ е и дебитантски фестивал и очекувам да бидат доста дебитанти кои ќе се промовираат на македонската музичка сцена – додаде Јорданов.

Градоначалникот нагласи дека како организатори, ќе се потрудат да бидат и добри домаќини.

– Штип да биде центарот на македонската забавна музика и да продолжиме како град да ги негуваме и да ги поддржуваме македонската музика и култура – порача Јорданов.

Уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов истакна дека имаат одлична програма.

– Генерално, „Макфест“ се движи во водите на забавна музика, шлагер, поп музика. ​Меѓутоа, песните се прилично шарени во стиловите. И се надевам дека сите ќе уживаат во тоа – додаде Саздов.

Оперативниот координатор на „Макфест“, Александар Арсовски подвлече дека ќе се збогати домашната забавна музичка колекција со нови 27 забавни песни. Тој се осврна на тоа како течеле подготовките и целата организација.

– Владо Јаневски дефинитивно е синоним на македонската забавна музика, учесник и победник на „Макфест“. Сразмерно на неговото дело кое што го има зад себе оставено, низ годините кои што твори на македонската забавна сцена, ќе биде достојно испочитуван и на самиот фестивал „Макфест“ – сподели тој, одговарајќи на едно од новинарските прашања.

Претставниците на медиумите имаа можност премиерно да ги слушнат рефрените од сите нови композиции што годинава за првпат ќе бидат изведени на сцената на „Макфест“.