Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Економија

Општина Илинден започна со изградба на индустриската улица „Н10“ во н. Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон унапредување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон унапредување на патната мрежа и создавање поволни услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, започна изградбата на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден – соопштија од општината.

Проектот предвидува изградба на улицата во должина од над 300 метри и широчина на коловозот од 6 метри, како и изградба на тротоар од 1,5 метри, со што ќе се подобри пристапноста и сообраќајната поврзаност во овој дел од општината.

Како што истакнал градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во почетните градежни активности, изградбата на улицата е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат во економската зона, бидејќи ќе овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, олеснет пристап до деловните објекти и подобри услови за секојдневно работење.

Реклама

Од општината наведуваат дека со реализацијата на овој инфраструктурен проект дополнително ќе се унапреди функционалноста на локалната економска зона „Ограѓе“, ќе се подобри логистичката поврзаност и ќе се создадат услови за понатамошен развој на постојните стопански капацитети.