Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Хоџа на средба со МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив економски развој

Зелената транзиција претставува развојна можност за привлекување нови инвестиции, зголемување на конкурентноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зелената транзиција претставува развојна можност за привлекување нови инвестиции, зголемување на конкурентноста на компаниите и отворање одржливи работни места, беше истакнато на денешната средба меѓу министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, на средбата се разговарало за можностите за соработка во процесот на зелена транзиција, поттикнувањето инвестиции во зелени технологии и подобрувањето на деловното окружување.

Хоџа истакнал дека турските компании и стопанственици претставуваат значаен дел од деловната заедница и оти нивното знаење, искуство и капитал можат да придонесат во процесите на модернизација и зелена трансформација на македонската економија.

Реклама

– Сакаме нивното знаење, искуство и капитал да бидат дел од процесите на модернизација и зелена трансформација на нашата економија. За тоа ни се потребни отворен дијалог, партнерство и предвидливи услови за инвестирање – истакна Хоџа.

Според министерот, целта е да се изгради систем во кој заштитата на животната средина и економскиот развој се надополнуваат и во таа насока изрази подготвеност за разговор за конкретни инвестициски иницијативи.

Во фокусот на разговорите биле инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, рециклирањето, циркуларната економија и развојот на зелени технологии. Притоа, било нагласено значењето на вклучувањето на приватниот сектор во спроведувањето на националните и европските цели за климатска акција и заштита на животната средина.

Соговорниците ја истакнале и важноста од продолжување на дијалогот меѓу институциите и бизнис-заедницата, како и од организирање заеднички активности и деловни форуми посветени на развојот на зелената економија.