Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Доцни сеидбата на житните култури во Штипскиот Регион

 Сушата е причина за доцнење на есенската сеидба на житните култури во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Сушата е причина за доцнење на есенската сеидба на житните култури во Штипскиот Регион. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимовски вели  дека на земјоделците климатските промени им прават големи проблеми пред стартот на сеидбата на јачменот и пченица и поради недостаток на дожд со земјоделската механизација не можат да влезат во  нивите, за да ги изораат. 

– Ваква година не се памети. Нема дождови и речиси 80 до 90% од површините не се изорани. По жетвата и летото беше сушно, не можевме да ги изораме. Ако заврне за викендов некој дожд земјоделците ќе можат да влезат во површините и да ги спремат- рече Серафимовски. 

Зголемените трошоци за сеидба, како што се нафтата и вештачките ѓубрива  ги зголемија и производствените трошоци. Според пресметките на Серафимовски, колу 1500 денари за декар чинат подготовките за сеидба, што за земјоделците не е исплатливо. Серафимовски вели дека постојано се во контакт со ресорното министерство и ќе бараат помош преку интервентниот фонд. Инаку македонските земјоделци 85% од површините ги сеат со житни култури во текот на есента, за да имаат поголеми приноси. 

Реклама

-Нафтата е покачена околу 20%. Ѓубривата исто така се покачени. Ние сме во контакт со министерството, ќе бараме да се вклучи некој интервентен фонд- рече Серафимовски.

Во Штипскиот Регион житните култури, односно  јачменот и  пченицата се сеат наесен, бидејќи се добиваат повисоки приноси.