Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи

Зајакнувањето на капацитетите за справување со земјотреси и здравствени кризи, како и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнувањето на капацитетите за справување со земјотреси и здравствени кризи, како и унапредувањето на регионалната соработка, се клучни за побрз и поефикасен одговор при катастрофи и за поголема безбедност на граѓаните, порача директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, на настан посветен на реализацијата на проектот „ИПА КЕАР“ (IPA CARE).

Како што соопштија од ДЗС, Ангелов во своето обраќање ја нагласил важноста од опремувањето на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR), што ќе овозможи поефикасно спасување човечки животи и поголема безбедност на спасувачите при интервенции.

Тој посочил дека преку проектот се унапредуваат меѓуинституционалната соработка, размената на искуства и усогласувањето на оперативните постапки меѓу партнерските служби за заштита и спасување од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Турција, како и со партнери од регионот и Европа.

Реклама

На настанот посебен акцент бил ставен на претстојната теренска вежба, преку која ќе се тестираат подготвеноста, координацијата и соработката меѓу надлежните институции.

Ангелов упатил благодарност до тим-лидерот на проектот, Петер Глерум, како и до сите партнери и учесници за нивниот придонес во реализацијата на проектот „ИПА КЕАР“.

Според ДЗС, заедничката подготвеност, координацијата и размената на искуства претставуваат основа за поефикасно справување со катастрофи и зајакнување на отпорноста на институциите во регионот.