Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Ристовски го пречека светскиот шампион Марко Џорлев – Поддршката за младите спортски таленти е инвестиција во иднината на македонскиот спорт

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех – златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), кое се одржа во полскиот град Бјелско-Бјала.

Џорлев го освои златото во категоријата до 63 килограми, во дисциплината борби, совладувајќи го во финалето Унгарецот Адам Баги со 4:1. Со овој триумф, тој стана првиот македонски светски шампион во карате во својата возрасна категорија, остварувајќи историски резултат за македонскиот спорт.

На средбата, информираат од Министерството за спорт, министерот Ристовски ја истакна важноста на успехот на Џорлев и значењето на континуираната поддршка за младите спортски таленти.

Реклама

-Успехот на Марко е гордост за Македонија и доказ дека со талент, посветеност и дисциплина се стигнува до светскиот врв. Наша обврска како Министерство за спорт е да создаваме услови за развој на младите спортисти и да им обезбедиме поддршка за да ги остварат своите потенцијали. Продолжуваме да инвестираме во спортските надежи, бидејќи тие се иднината на македонскиот спорт – истакна Ристовски.

Марко Џорлев е еден од стипендистите на Министерството за спорт во категоријата „Спортска надеж“, наменета за поддршка на талентираните млади спортисти. Светската титула е круна на неговата успешна натпреварувачка година, во која освои злато и на натпревар од Светската младинска лига во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Благодарение на постигнатите резултати, Џорлев се најде и на врвот на светската ранг-листа во својата категорија.

На Светското првенство во Полска, Македонија настапи со вкупно 31 каратист, предводени од селекторот Дејан Ристески.

Успехот на Џорлев е историски момент за македонското карате и потврда дека поддршката за младите спортисти е вложување во иднината и новите успеси на македонскиот спорт.