Одлука за набавка на коцкарските терминали не била донесена од Управниот одбор во Лотарија – конечно потрекрепа на обвинителската теза дека Перпарим Бајрами и Артан Груби со таа набаква сториле криминал тежок речиси 10 милиони евра. Обвинителите можат да здивнат. Кончено еден од сведоците застана на нивна страна – член на Управниот одбор додека директорувал Бајрами, Христа Најданов сведочеше дека никогаш на седница не се нашла точка за набавка на ВЛТ апаратите за приредување онлајн коцакање. Муабети имало дека ќе треба токму за таа немена ќе треба да се отвори ново друштво односно фирма. Практично тој потврди дека набавката била незаконска.
Најданов сведочеше и дека од медиумите дознал дека се набавени тие ВЛТ апарати но исто така и дека стојат во магацините на Лотарија и до сега не се искористени.
- „Колку што можам да се сетам, постоеше потреба да се формира ново друштво, поради што беа изготвени вештачења и елаборати за исплатливоста од основањето на новото друштво, кое би се занимавало со иста дејност, односно со видео игри. Колку што ми е познато, постоеше потреба од набавка на ВЛТ-апарати поради дејноста со видео игри што ја вршеше самото друштво. Меѓутоа, колку што ми е мене познато, Управниот одбор не донесе никаква одлука за набавка на овие апарати“ посочи сведокот Христа Најдонов – Сведок на Обвинителството.
Одбраната на првообвинетиот пак со вкрстени прашања сакаше да го побие исказот на сведокот.
- „Тоа што тој не се сеќава е една работа, но сите тие се потврдени со оние одлуки кои што тие ги донеле при донесувањето на финансиските планови. Исто така и планот за јавни набавки е нешто што го донесува управниот одбор и исто така се донесени одлуки и во тој дел“ Еленко Миланов – Адвокат на Перпарим Бајрами
Додека одбраната се расврла со бројки на сведоци, а Груби најави дека ќе прави свовидно шоу со тоа што ќе ги вика сите колеги-министри од претходната влада за да го бранат на суд, денешниот исказ беше освежување за обвинителите кои се обидуваат да го одржат обвинението на нозе, откако во предходните рочишта им се појавија големи проблеми со клучните сведоци. Вчерашното судење беше одложено поради отсуство на друг ведокот. Најголемиот проблем на обвинителите е што еден од нивните клучни сведоци пред неколку рочишта го смени својот исказ во полза на Груби. А сега обвинителството ќе истражува дали некој влијаел врз него.

