Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Економија

Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, а највозрасниот 97-годишен пензионер 

– Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

– Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 милион денари, највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари, а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари. Кога станува збор за вкупен доход од сите извори, највисокиот доход во 2025 изнесува 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија преку плата, дивиденда и друг доход исплатен од една компанија. Следува граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари. Овие приходи покажуваат зошто е важно различните извори на доход да се разгледуваат заедно, а не изолирано, рече Петрова на брифинг со новинарите.