Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека до крајот на годинава се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека до крајот на годинава се очекува да започне процесот на проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња, можеби на нова локација, бидејќи постојниот објект на ЈП „Лајка“ не може да се доградува поради урбанистички ограничувања.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓорѓиевски рече дека во наредните денови јавноста ќе биде запознаена со споредбени податоци за бројот на случаи поврзани со нападнати граѓани од кучињата скитници во периодот пред и по преземањето на раководството со Град Скопје и „Лајка“.

Тој оцени дека е постигнат видлив напредок во справувањето со проблемот, но нагласи дека сѐ уште не е целосно решен.

Реклама

Според Ѓорѓиевски, Град Скопје има обезбедено финансиски средства за проширување на капацитетите, но изградбата и доградбата на постојната локација е оневозможена поради нерешени урбанистички прашања.

– Постоечката локација е на диво изградена во минатото и деталниот и генералниот урбанистички план не дозволуваат да го прошириме капацитетот таму. Бараме друга опција и верувам дека до крајот на оваа календарска година ќе започнеме со процес на доизградба на капацитети, можеби на друга локација што моментално ја утврдуваме – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот посочи дека градските служби работат на изнаоѓање соодветно решение кое ќе овозможи подобри услови за згрижување и третман на бездомните кучиња и поефикасно справување со овој долгогодишен проблем во главниот град.