Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Македонија

Делегација на ЕУ: Иницијативата „Студентите ја креираат агендата“ стартува на универзитетите

Вчера, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, го посети Универзитетот „Св. Кирил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, го посети Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа посета е прва од серијата посети што амбасадорот на ЕУ ќе ги оствари со универзитетите ширум земјата. Почетокот на иницијативата се совпаѓа со почетокот на академската година, со цел на студентите да им се отвори простор да ги постават своите прашања, да ги споделат своите искуства и директно да разговараат за своите очекувања со амбасадорот.

Посетата започна со средба помеѓу амбасадорот Рокас и ректорката – проф. д-р Билјана Ангелова. Потоа продолжи со дебата помеѓу евроамбасадорот и студентите од Правниот факултет. Самите студенти ги избраа темите за дискусија и го водеа текот на разговорот со амбасадорот. Имено, непосредно пред тоа, студентите гласаа за темите за кои сакаат да разговараат, преземајќи ја на тој начин иницијативата во свои раце. Идејата зад оваа серија посети е едноставна: младите одлучуваат за што ќе се разговара кога станува збор за нивната иднина.

На амбасадорот на ЕУ му се придружија студенти од студентскиот орган на Правниот факултет, како и претставници на „Студентарија“, со што во дебатата беше опфатено и секојдневието на студентите. Делот со отворени прашања им овозможи на студентите да го прашаат амбасадорот на ЕУ за сè што ги интересира или засега.

Реклама

За време на дискусијата, студентите покренаа прашања поврзани со евроинтеграциите на Македонија, владеењето на правото, можностите за младите и нивната улога во обликувањето на иднината на земјата. Амбасадорот Рокас ја истакна важноста на обновената доверба, политичката посветеност и континуираните реформи – особено во насока на зајакнување на независноста и ефективноста на институциите – како клучни чекори за напредок на европскиот пат на земјата. Понатаму, тој укажа на можностите што ги нуди ЕУ, вклучително и програмата „Еразмус+“, охрабрувајќи ги младите да се стекнат со меѓународно искуство, знаењето да го вратат дома и да преземат поактивна улога во јавниот живот, придонесувајќи за позитивни промени и создавање подобри можности за идните генерации во Македонија.

„Навистина уживав во денешната средба со студентите на УКИМ, Скопје. Претставуваше освежување да се чујат нивните прашања, идеи и грижи, и да се оствари толку отворена и искрена размена на мислења. Младите имаат многу што да кажат за својата иднина, а ние треба да ги сослушаме. Ваквите разговори нè зближуваат и ни помагаат да создадеме подобра иднина. Но, не станува збор само за слушање. Младите треба да имаат вистински глас и во донесувањето одлуки што влијаат врз нивните животи и врз иднината на нивната земја“, изјави евроамбасадорот Рокас.

Директно слушајќи ги студентите, иницијативата „Студентите ја креираат агендата“ (Students set the Agenda) се стреми подобро да согледа како младите ја гледаат европската иднина на Македонија и каква улога сакаат да имаат во нејзиното обликување. Овој серијал е во организација на Делегацијата на Европската Унија и „Европската куќа“ (Europe House), во партнерство со универзитетите во Македонија и „Студентарија“ – најголемата студентска платформа предводена од млади. Во текот на академската година, студентите од целата земја ќе имаат можност да ги стават своите приоритети на агендата на евроамбасадорот.