Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Економија

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво

ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 година, информираат од компанијата.

Попустот, како што велат, ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.

-Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива, посочуваат од компанијата.

Реклама

Со најновата иницијатива, како што велат, вкупната вредност на досегашната поддршка, која ОКТА ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година, се очекува да достигне приближно 8 милиони евра.