Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Клековски: ДСЗИ констатира прекршоци на Клиниката за неврологија во лекувањето на Михајлова, побаран стручен надзор и за медицинскиот дел

Министерството за здравство побара проширување на надзорот на Државниот санитарен и здравствен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство побара проширување на надзорот на Државниот санитарен и здравствен испекторат за случајот со Ива Михајлова со вклучување здравствени установи, каде што во 2025 и 2026 година биле вршени одредени здравствени услуги. Дополнително, ќе се формира комисија за стручен надзор за медицинскиот аспект во однос на лекувањето на пациентката – истакна денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, тој истакна дека иако вчера во Софија имал средба со неговата бугарска колешка, на која разговарале за повредените во Кочани, постигнале премолчена согласност дека прашањето за Михајлова е од доменот на правдата.

– Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата бидејќи лицето е бегалец од правдата, барана со меѓународна потерница. Бидејќи е тоа прашање на правдата, а не здравствено, не го разговаравме – рече Клековски.

Реклама

За извештајот на ДСЗИ поврзан со професорот Иван Барбов во однос на лекувањето на Михајлова, министерот посочи дека има констатирани прекршоци и оти е побаран стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот.

– Во основа барав дополнување на извештајот на ДСЗИ, кој беше по иницијатива на Клиниката за неврологија, бидејќи не се следени целата патека и здравствените постапки што Ива ги имала во здравствените установи во Македонија. Дополнително, побарав надзорот да се прошири на една приватна здравствена установа, каде што е третирана во меѓупериодот, за да добиеме комплетна препорака. Веќе во оваа фаза има констатирани прекршоци и веќе во оваа фаза е побаран стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот – изјави Клековски.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, рече дека навредливата изјава на бугарскиот министер за внатрешни работи не заслужува коментар.

– Видете, имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието. Мислам дека ваков тип на естрада, која денеска ја гледаме таму, а што е поврзано со фолклорот за нивните претседателски избори, не заслужува коментар и мислам дека и вие како медиуми треба да ги игнорирате ваквите изјави на поединци – изјави Мицкоски.

Во однос на прашањето за повредените од Кочани, министерот Клековски рече дека заедно со работната група има планови, кои набргу ќе бидат објавени.