Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица

Во Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.

Општина Ѓорче Петров соопшти дека вежбата се реализираше по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, со акцент на превенцијата и заштитата на граѓаните на кои им е потребна дополнителна поддршка.

-Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Пожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Реклама

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, се наведува во соопштението, ја истакна важноста на практичната подготовка и заедничкото дејствување на институциите.

-Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет, а повозрасните лица заслужуваат особено внимание и грижа. Во итни ситуации секоја секунда е важна. Со ваквите вежби ја проверуваме подготвеноста, ги унапредуваме процедурите и ја зајакнуваме координацијата меѓу службите. Благодарност до сите учесници и до УНДП за партнерството и поддршката во градењето побезбедна и поотпорна општина, порача Стојкоски.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, нагласи дека отпорноста започнува дома, но се гради заеднички.

-Затоа е важно редовно да ги проверуваме процедурите, да ја подобруваме координацијата меѓу институциите и да бидеме сигурни дека секој може навремено и безбедно да биде евакуиран, изјави Григорјан.

Повозрасните лица се меѓу најранливите категории при катастрофи. Ограничената подвижност, здравствените состојби и потребата од помош при евакуација ја нагласуваат важноста на јасните процедури, обучениот персонал и навремената интервенција.

-Целта е ваквите практични вежби да станат редовна практика и да придонесат за постојано унапредување на локалниот систем за заштита и спасување, затоа што навремената подготовка и добрата координација може да спасат животи, соопшти Општина Ѓорче Петров.