Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Македонија

Јаревски: Економските показатели укажуваат на раст на економијата и стабилна економска политика

„Нема да посочувам на немирите сега што се по Европската унија, нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Нема да посочувам на немирите сега што се по Европската унија, нема да ги укажувам насоките, показателите таму каде што се затвораат фабрики, каде што имаме навистина една голема криза итн. Нашата обврска беше да видиме што можеме да направиме, да го имаме нормалното секојдневие, да можат да работат граѓаните, да може да се развива економијата и ако ги  погледетен бројките, економијата се развива“, истакна Тони Јаревски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Јаревски дискутираше за развојот на економијата и истакна дека економските показатели укажуваат на раст на економијата и стабилна економска политика.

„Во овие шест месеци имаме реален раст на БДП. Април, јуни 4,3, реален БДП 3,7 осум квартали на 3%. Градежништвото расте со 15,1%, услугите растат со 3%, расте индустријата со 1,6, расте земјоделието, растат бруто инвестициите. Не се тоа работи за коишто можеме да кажеме дека ние сме ги решиле сите проблеми. Но во ова немирно време, во овие немирни води, овој брод на Македонија плови стабилно“, рече Јаревски.

Реклама

Јаревски додаде дека економските показатели укажуваат дека економијата се развива.

„Имаме услови за кај што говориме за раст, за ситуација каде што наследивме состојба којашто наследивме и конечно за горивата. Истите се тие. Да. Глобалниот притисок, глобалните проблеми прават притисок на цените на огривата, но овие горива во Македонија се убедливо најниски во целиот регион. Зошто? Бидејќи во таков момент кај што бевме исправени пред таков предизвик како што беше претходно за разлика од претходно кога е и тоа е легитимно не велам не одлучиле они во претходниот период на пристапот кога беа со ценовен притисок да не интервенираат на начин како што интервениравме ние. Тогаш растеше инфлацијата многу повеќе не беше зауздана повеќе пари во буџетот го полнеа со поголема инфлација. Во овој случај ова е важно да го докажам за понатаму“, кажа Јаревски и додаде:

„Тоa што станува збор за основите и за инпутот. Овде се интервениираше во делот на акцизите, се интервенираше во ДДВ-то. Ценовните шокови се максимално ублажени, горивата се на ниско ниво, инфлацијата ги даде резултатите. Ако се вратите назад ќе видите дека падна дури на моменти на 2,7. Стабилноста за којашто беше посакувана да се да се постигне, се постигна и даде услови дури во вакви немирни времиња ние да ги имаме овие бројки на раст“.