Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Македонија

Отчет на Фросе Ѓоргиевска, директорка на Национален парк „Галичица“: 45 милиони денари сопствени приходи и проектни средства за развој и заштита на Националниот парк „Галичица“

Во рамки на двегодишниот институционален отчет на Движењето ЗНАМ – За наша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на двегодишниот институционален отчет на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, беше презентирана работата на ЈУ Национален парк „Галичица“, со конкретни резултати во финансиското работење, инвестициите, развојот на туризмот и заштитата на природното богатство, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Во 2025 година, Националниот парк остварил 9,9 милиони денари приходи од влезници, највисоко ниво од воспоставувањето на системот за наплата, а дополнителни 1,1 милион денари се обезбедени преку спогодби со субјекти
што работат во заштитеното подрачје.

Вкупните сопствени приходи во двегодишниот период изнесуваат околу 29 милиони денари, додека преку проекти се обезбедени дополнителни 16 милиони денари.

Реклама

Средствата се насочуваат кон унапредување на туристичката инфраструктура, при што се реализирани инвестиции на локалитетот „Липона Ливада“, а продолжуваат и активностите за развој на туристичките капацитети, вклучително и планираните понтонски пристаништа на Преспанското Езеро.

Значаен сегмент е и подготовката и реализацијата на европски и меѓународни проекти, меѓу кои Interreg Euro-MED, „Преспа – зелена и сина иницијатива“, како и апликациите за програмите HORIZON и LIFE4Galichica.

Паралелно, се зајакнува научно-истражувачката улога на Паркот преку соработката со Истражувачкиот центар за животна средина и материјали при МАНУ.

Јавната функција за Движење ЗНАМ не е привилегија, туку одговорност што мора да се потврди со конкретни резултати.

Преку домаќинско управување, зголемување на сопствените приходи и одговорно вложување во јавните ресурси, се покажува дека институциите можат да бидат поефикасни, финансиски поодржливи и посилно насочени кон интересите на државата и граѓаните.

„Галичица не е само природно богатство, туку национална вредност и обврска кон идните генерации.
Нашата цел е да ја зачуваме, да ја развиваме и да оставиме посилна институција зад нас“, е пораката на отчетот.

Две години работа. Конкретни резултати. Една љубов – Македонија!