Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Економија

Николоски: Првите електрични еколошки автобуси ќе се испорачаат во јануари, порано од договорот

Првите 30 електрични еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите 30 електрични еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од предвиденото со договорот, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју во емисија на една од националните телевизии.

Тој во интервјуто ги отфрала сите сомневања поврзани со квалитетот на автобусите, додавајќи дека цела Европа зависи од батериите што се произведуваат во Кина. 

Со сигурност, посочи тој, едно знам, затоа што ги знаеме техничките спецификации, а тоа е дека батериите ќе се произведуваат во Кина, од причина што во моментов на европскиот пазар, зборувам на европскиот пазар, не можете да најдете електричен автобус кој што користи батерии различни од кинеските.

Реклама

-На пример, минатата година бев во државна посета на Чешка, бев и во „Шкода“, дадоа индикативна цена од 650.000 евра по автобус. Кога прашав зошто е толку висока, нашата е околу 320.000, рекоа затоа што мора да купуваат батерии од Кина и го кажаа тоа што и истражувањето на пазарот го покажа, а тоа е дека сите користат кинески делови. Дали некој дел ќе биде произведен во Кина? Па вие имате цела индустрија во Македонија. Еве, на пример, подвозјето за „Мерцедес“ Е-класа се произведува во Бунарџик. „Ауди“ сега, голем дел ќе се произведува во Битола, во Кромберт и Шуберт. Делови за Порше се произведуваат во Охрид, во Костел, па тоа не значи дека „Порше“ прави лошо возила затоа што делови се произведуваат во Костел”, заклучи Николоски.