Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Николоски очекува победа во вториот круг во Брвеница, најавува поголема мобилизација и излезност

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радически, да победи во вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница, закажан за 1 ноември. 

Во интервју во емисија во една од националните телевизии, Николовски најави поголема мобилизација на гласачите, повисока излезност и очекува поддршка и од други политички партии, вклучително и од СДСМ.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи дека остварил подобар резултат во првиот круг во споредба со минатогодишните локални избори и дека очекува разликата да се зголеми во вториот круг, кога остануваат двајца кандидати.

Реклама

– Убеден сум дека ќе победиме во вториот круг. Вчера покажавме дека имаме поголема поддршка во Брвеница и дека народот е зад нас. Не смееме да го занемариме контекстот во кој се случуваат изборите. За жал, претходниот градоначалник ненадејно почина. Тоа е причината поради која имаме избори. Да бидам отворен, очекував дека другите политички субјекти ќе го испочитуваат тоа. Ние не одиме на избори затоа што некој си поднел оставка или затоа што некој донел таква одлука, туку поради најлошата можна причина на светот – посочи Николоски.

Тој посочи дека резултатите во населените места во општината се разликуваат, при што на некои места разликата меѓу кандидатите изнесува околу 50 гласа. Николоски истакна дека станува збор за етнички мешана општина и дека очекува поголем одѕив во вториот круг.

– ВМРО-ДПМНЕ плус СДСМ е еднакво на ДУИ плус ВЛЕН. Така излегува, но за вториот круг очекувам далеку поголема мобилизација, поголема излезност и убедлива победа за нас. Така се случи и минатата година. Ако ги погледнете резултатите од оваа година, ќе видите дека нашиот резултат во првиот круг е подобар од минатогодишниот. Во вториот круг, имајќи предвид дека остануваат само двајца кандидати, нормално е бројките да се променат – истакна Николоски.

Во врска со можната поддршка од коалицискиот партнер ВЛЕН, откако кандидатот на коалицијата му честиташе на ривалот од ДУИ по објавувањето на резултатите од првиот круг, Николоски рече дека ќе разговараат, но оти очекува поддршка од коалицискиот партнер.

– Ние сме коалициска влада, така што, секако, очекуваме нашиот коалициски партнер да нè поддржи. Но, како што кажав, очекуваме и останатите политички партии да му дадат поддршка на нашиот кандидат, затоа што сметаме дека Стојанчо Радически, познат како Чоки во Брвеница, е најдоброто решение за да продолжи да ја води општината до редовните избори, од причините што ги споменав претходно. Секако, ќе почекаме до 1 ноември – рече Николоски.