Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Едукативен настан за кампањата „Розов октомври“ за подигнување на свеста за ракот на дојката во општина Карпош

Едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје, се одржа денеска во општината Карпош.

На почетокот на настанот, како што соопштија од општината, присутните ги поздрави градоначалникот Сотир Лукровски, кој ја истакна важноста на здравствената едукација и превенцијата, нагласувајќи дека Општината и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи од значење за здравјето и благосостојбата на граѓаните.

Настанот привлече бројна публика, а особено радува големиот број присутни жени кои со своето учество покажаа дека за оваа важна тема треба да се зборува отворено, гласно и без предрасуди. Преку едукативното предавање на д-р Катерина Китановска, примариус специјалист по радиодијагностика, присутните имаа можност да добијат значајни информации и корисни совети за превенцијата, редовните прегледи и важноста на раното откривање на ракот на дојката.

Реклама

Посебен белег на настанот беше активната интеракција меѓу публиката и докторката. Големиот број прашања, отворената дискусија и споделените совети придонесоа за подетално информирање и поголема свесност за значењето на навремената грижа за здравјето, информираат од општината од каде посочуваат дека преку ваквите иницијативи продолжуваат да ја поттикнуваат здравствената едукација, да ја поддржуваат превенцијата и да создаваат простор за разговори што можат да направат вистинска разликa.