Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Економија

Николоски: Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција

 Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција, истакна вечерва заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју во една од националните телевизии.

Не случајно, посочува Николоски, се градат шест автопати и две пруги на европските коридори кои минуваат низ Македонија. 

– Прво е политички. Ние кога целосно ќе ги завршиме двата коридори, 8 и 10, веќе нема прашање за опстојувањето на Македонија. Јас така го гледам и Владата така го гледа. И не случајно, 2024 година, кога оваа влада се формираше, премиерот Мицкоски ова го стави како прва политика на Владата. Затоа што кога ќе имаме два функционални коридори, едниот најинтересен економски коридор во Европа, вториот најважен безбедносен коридор за НАТО, веќе никој нема да ја поставува под прашање судбината и постоењето на Македонија. Ако двајца премиери на две соседни држави можеа да го направат тој спектакл со коските кои што наводно му припаѓаат на Цар Самоил, тогаш ние треба да сме исклучително одговорни кон државата и кон опстојот на државата и сметам дека ова е еден од начините да гарантираме опстој на државата, рече Николоски.