Генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, престојува во работна посета на Македонија, во рамки на која денеска (12.10.2026) оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
На средбата беа разгледани актуелните безбедносни состојби во двете држави, заедничките безбедносни предизвици, како и актуелните состојби и трендови во областа на миграцијата и миграциските текови.
Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка меѓу полициските служби, преку размена на искуства, знаења и добри практики, како и преку реализација на заеднички обуки, со цел јакнење на професионалните капацитети и ефикасноста во справувањето со современите безбедносни предизвици.
Средбата претставува можност за продлабочување на партнерството и продолжување на успешната соработка меѓу двете институции, во насока на унапредување на безбедноста и зајакнување на заедничкиот одговор на актуелните предизвици.









