Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешкото значење ќе биде поголемо

По 10 години од проектирањето денеска официјално почна изградбата на автопатската делница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 10 години од проектирањето денеска официјално почна изградбата на автопатската делница од Букојчани до Кичево. Таа е дел од Коридорот 8 и ќе ги поврзува автопатот од Кичево до Охрид и од Тетово преку Гостивар до Букојчани. 

Автопатот ќе има две сообраќајни ленти и една лента за застанување во двете насоки, а брзината на движење ќе биде од 110 до 130 километри на час. На автопатската делница ќе има пет мостови, еден тунел, два вијадукти и две клучки. Планирано е да се изгради за четири години.

Финансиските средства се обезбедени преку ЕБОР во висина од 119 милиони евра, а дополнително 20 милиони евра се грант од Европската унија и 300 илјади евра се обезбедени преку Фондот на Европската унија за Западен Балкан. 

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски, кој се обрати на официјалниот почеток на изградбата, рече дека со оваа автопатска делница целиот проект добива смисла затоа што автопатски Скопје се поврзува со Охрид. 

– Политиката на оваа Влада кога беше избрана во 2024 година беше да ја направи земјата раскрсница која што ќе се темели на четири столба. Тогаш почнавме со три столба но некако како одминуваше времето таа наша цел и тој предизвик го проширивме и денеска зборуваме за четири столба. Тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 во смисла на патна инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура и гасната инфраструктура.  
​На тој начин, геостратешкото значење на земјата станува навистина нешто кое што претставува поголема моќност за сите граѓани, но претставува и предуслов да се развиваат современи индустрии, а државата добива навистина нешто поголемо, голема додадена вредност кога станува збор со споредбата и компарацијата со годините во во минатото, рече Мицкоски во обраќањето.  

По 27 месеци од доаѓањето на Владата, рече Мицкоски, се појавуваат и првите индикатори кои покажуваат дека државата се движи во вистинска насока.

–  Првите индикатори за работата на оваа Влада по 27-28 месеци посветена работа резултира со бројни проекти и консолидирање во услови кога ја затекнавме државата која што беше упатена директно кон амбисот и во услови кога светот се соочува со епски најголема енергетска криза што човештвото ја памети, нагласи Мицкоски.  

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се работи за планински терен, тежок и предизвикувачки, но се надева дека избраните компании од надзорот и изведбата успешно ќе ја завршат работата во предвидениот рок од четири години.   

-Ние решивме државата да ја развиваме како раскрсница на двата паневропски коридора. Македонија нема излез на море но, има уникатна географска локација која со силни инвестиции во автопатите и железницата треба да значи економски напредок за бројни генерации кои доаѓаат после нас, а исто така треба да значи и политичка стабилност затоа што со јасното геостратешко позиционирање на Македонија како раскрсница на Балканот политичката стабилност оди рака под рака, порача Николоски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека интензивно се работело две ипол години.

– Не зборуваме за планови, почнуваме со изградба на 11,5 километри. Следната година ќе го пуштиме автопатот Кичево – Охрид, а интензивно се работи и на автопатот Тетово-Гостивар така што денеска го пуштаме делот којшто недостига односно делот којшто ќе ги поврзува овие автопатски делниви. Тоа ќе биде современ автопат без патарини така што од Скопје за Охрид се надеваме дека ќе патуваме за помалку од еден и половина, рече Трајановски. 

Во однос на експропријацијата, Трајановски информираше дека требало да се изврши експропријација на околу 1000 катастерски парцели од кои завршени се 97 проценти.

 Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас истакна дека ЕУ ја поддржува изградбата на делницата Букојчани – Кичево со над 20 милиони евра во грантовски средства. Со ова покажуваме, рече амбасадорот, уште еднаш дека сме цврсто посветени на поврзување, локален економски развој и регионална соработка.  
​За Северна Македонија ова е важен дел од преминот кон поконкурентна, поразнородна и поодржлива економија во којашто придобивките од растот стигнуваат до луѓето и до деловните субјекти во целата земја.  

– Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, Европската Унија потпомага да се претворат стратешките приоритети во конкретни инвестиции. Со надградување на оваа патна врска според стандардите за автопатски системи, Северна Македонија ќе ги зајакне своите сообраќајни и транспортни врски и ќе ја подобри поврзаноста со поширокиот регион, поврзувајќи го регионот со европската мрежа од Бургас во Бугарија до Бриндизи во Италија. Во август го одбележавме почетокот на уште еден долгоочекуван проект, патот од Скопје до Блаце, поддржан со над 41 милион евра со средства обезбедени преку грантови на Европската Унија. Дополнителни 50 милиони евра во средства преку грант исто така беа обезбедени за клучните патни правци што ги опфаќаат Куманово – Страцин, Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново. ​Дополнителни 25 милиони евра беа распределени за санација на делницата на автопатот што ги поврзува Миладиновци, Хиподром и Петровец во близина на Скопје. ​Додека продолжуваме со изградба на оваа клучна инфраструктура заедно, Европската Унија останува посветен партнер на Северна Македонија, поддржувајќи ја државата да биде подобро поврзана, поконкурентна, па така и да биде важен придонесувач за поповрзана и поконкурентна Европа – рече Рокас. 

Шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Македонија, Фатих Туркменоглу потенцира дека Банката е посветена преку ваквите инфраструктурни проекти да даде поттик за економијата и за развојот на приватниот сектор во земјата.

​-Ние обезбедуваме 110 милиони евра средства кои ќе бидат надополнети со грант преку Европската Унија и Инвестициската рамка за Западен Балкан во износ од околу 20 милиони евра. Со овој износ, вкупната инвестиција преку Европската банка за обнова и развој достигнува 3,2 милијарди евра – рече Туркменоглу.