Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Сарамандов: Старата чаршија со нов лик, реконструирана спортска сала, модерен трговски центар и урбан парк во Гевгелија

Денес по скоро една година откако ја презедов функцијата градоначалник на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес по скоро една година откако ја презедов функцијата градоначалник на Општина Гевгелија,  целосна почит кон граѓаните кои ми ја дадоа довербата, а водејќи се од принципот на отчетност и одговорност сакам да направам осврт на сработеното, предизвиците и активностите кои придонесоа во 2026 година Гевгелија да продолжи да се развива како урбана и модерна заедница за сите, изјави градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов на прес-конференција.

Изминатиот период, поучени од предизвиците од минатото успеавме да се справиме со истите и да реализираме голем број на проекти и активности. Работевме на реализација на ветеното, но истовремено ги решававме и барањата на граѓаните.

Продолживме посветено да работиме за економски развој и овозможување подобра клима за инвеститорите, подобрување на патната инфраструктура, инвестиции во комуналната инфраструктура, унапредување на животната средина, уредување на јавните простори, изградба на паркови и содржини за најмалите, вложување во образованието, подобрување на условите за социјалната заштита, а истовремено Гевгелија го продолжи патот кон урбана заедница со развој на културата, туризмот и спортот.

Реклама

Задоволен сум од постигнатото, а истовремено тоа ми дава уште поголем мотив и обврска да продолжиме со уште поголема посветеност. Во делот на капиталните објекти и подобрување на патната инфраструктура, реализиравме повеќе проекти во Гевгелија и населените места: Изградба на нова детска градинка и ставање во употреба на новиот современ објект на детската градинка „Сончогледи“  со капацитет за нови 140 деца, реконструкција со реставрација на фасадите и партерот на Старата Чаршија во Гевгелија, проект со огромен и долгогодишен бенефит за градот и нова туристичка атракција, во тек е и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“ од градската библиотека до Железничката станица, улица која ќе го задржи автентичниот лик со калдрмата.

Извршена е и целосна реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан“, а деновиве заврши и нејзиното опремување со реквизити за спорт и истата наскоро ќе биде пуштена во употреба, во завршна фаза е и  реконструкција на старата училишна зграда во населено место Серменин која ќе биде адаптирана во нов туристички информативен центар за одржување на настани, а во проектот е опфатено и изградба на велосипедска патека во должина од 1.005 метри до манастирот Св.Илија. Во завршна фаза е и реконструкција на конференциската сала во Пионерскиот дом со најсовремени услови;

Завршена е изградба и асфалтирање на новата сообраќајна врска улица „Новопланирана 7“, која ги поврзува улиците „Гоце Делчев“ и „7 Ноември“. Изградба и асфалтирање имаме на влезната улица „Новопланирана сервисна 2“ во Урбан Блок 5 – Касарна, целосно е реконструирана со асфалтирање влезната улица „Атанас Ѓуров“ во Прдејци, во должина од 500 метри.

Извршена е реконструкција со асфалтирање улицата „Иван Марков Братот“ во населеното место Богородица, во должина од 800 метри, асфалтирана е и улицата „Александар Македонски“ во Давидово, во должина од 500 метри, а целосна реконструкција со асфалтирање направена е и на влезната улица во Моин, во должина од  550 метри.

Целосно реконструирана е улицата „Петар Мусев“ во Гевгелија со површина од 2.500 м² и овде имаме и нова пешачка патека, реконструкција со асфалтирање имаме и на улицата „Караорман“, а целосна реконструкција со  асфалтирање имаме и на улицата „Ванчо Прке“ во Гевгелија, по изградбата на новата фекална канализација извршивме асфалтирање и на дел од улиците во населеното место Милетково.

Со големи вложувања продолживме и во делот на обезбедување на нова комунална инфраструктура, решавање на долгогодишни проблеми и изградба на нови подземни мрежи таму каде што има потреба. Во градот Гевгелија реализиран е проектот за нова подземна инфраструктура во урбан блок 4.4. Станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни зафати во овој дел од градот, со кој се создаваат услови за поквалитетно и современо урбано живеење.

Преку истиот изминатиот период изградена е нова: водоводна мрежа, фекална канализација и атмосферска канализација на улиците:„Кожуф“, „Ристо Јанев“, „Караорман“, „Леонид Јанков“, „Миле Пецанов“ и „Панче Пешев“.

Веќе започнавме и со градежни активности за припрема и целосно асфалтирање на улиците во овој блок. На улицата „Гоце Делчев“ во Гевгелија , „Новопланирана 7“ решивме долгогодишен проблем со изградба на атмосферска канализација, нова атмосферска канализација е изградена на улицата „Кукушка“ во должина од 646 метри.

Граѓаните на Милетково конечно добија решение за нивното приоритетно барање, изградена е фекалната канализација во должина од 1.344 метри, на улицата „Александар Бел“ во населеното место Мрзенци после пробивањето продолживме со изградба на нова водоводна линија, како и нова фекална канализација во должина од 800 метри и овие два проекти се завршени.

Нова атмосферска канализација исто така е изградена на улиците „Леонид Јанков“ и „Миле Пецанов“ во Гевгелија во должина од 400 метри, на улицата „Ванчо Прке“ изградена е атмосферска канализација во должина од 400 метри, со атмосферска канализација опфатена е и улицата „Петар Мусев“; а во Негорци го решивме проблемот со атмосферските води долж главната улица која води кон Прдејци.

Изградба на потпорен ѕид имаме имаме во Давидово покрај реката, како барање на граѓаните и како предуслов за уредување и изградба на нова улица, а паралелно продолжуваме со изградба на комунална инфраструктура во новите станбени делови, кои во моментот забрзано се развиваат и градат.

За уредување на јавните простори, создавање нови зелени површини и заштита на животната средина: Изграден е нов урбан парк на булевар „Гевгелија“ на улицата „Деко Ковачев“, на површина од 3.150 м² и овде имаме и ново детско катче за најмалите, започнуваме со уредување на нова зелена инфраструктура  кај Сува Река на површина од 25.000 м², ова е проект со кој градот ја добива најголемата зелена површина.

Извршивме уредување на зелената површина и поставување на урбана опрема на просторот пред Македонски пошти на улицата „Маршал Тито“, изградено е и ново детско катче во урбан блок 5 „Касарна“, извршивме партерно уредување на просторот пред детската градинка „Сончогледи“ со што обезбедивме и нови паркинг места.

Населеното место Миравци доби нов модерен урбан парк со урбана опрема и модерно осветлување  на површина од 2.500 м², а од неодамна на ова место имаме и ново детско катче на површина од 200м2. Во населеното место Негорци изградивме нова пешачка патека во должина од 550 метри покрај главната улица која води кон Прдејци. Во завршна реализација во Негорци е нов урбан парк со ново  детско катче во со површина од 2.000 м²;

Реализација на еколошката акција годинава имавме „Да пуштиме корени во Гевгелија“ и  засадени се  14.000 нови чемпреси. За унапредување на животната средина поставени се за прв пат 10 контејнери во градот за текстилен отпад. А во Гевгелија, Миравци и Негорци поставени се и специјализирани контејнери за собирање на електричен отпад.

Во делот на образованието и детската заштита продолживме со инвестиции за создавање подобри услови за најмладите. И направени се неколкукратни вложувања и во детските градинки, и во основните училишта: Од оваа година сите ученици во основните училишта добиваат бесплатни униформи. Во Основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци имаме нови клима-уреди, принтери и уредување на подот во дел од училниците;

Во Основното училиште „Ристо Шуклев“ во Негорци, поставена е подна подлога во две училници, 6 клима-уреди и 6 паметни табли. Во Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, поставени се  23 нови инвертер клима-уреди, 6 паметни табли и молерисување на целата училишна зграда, овде во Крсте Мисирков извршена е  целосна реконструкција на соблекувалните и тоалетите во спортската сала.

Во Основното училиште „Владо Кантарџиев“, направено е целосно опремување на кабинетот по информатика со нова опрема и поставени се принтери во секоја училница. Овде во ова основно училиште опремена е нова сензорна соба со сите потребни помагала за децата со попреченост. Во сите основни училишта во општина Гевгелија поставени се прочистувачи на воздух со цел подобрување на квалитетот на образовните услови за децата.

За унапредување на услугите кај социјалната заштита и грижата за повозрасните граѓани, отворивме нови можности за активен и квалитетен живот: Отворен е Дневен центар за стари лица со активно стареење во Гевгелија. Центарот е наменет за лица над 65 години, со капацитет за 50 корисници. Обезбедени се и социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено – превентивни активности.

Во културата и туризмот, продолживме да го градиме препознатливиот лик на Гевгелија и да создаваме содржини кои го збогатуваат животот во општината и ја промовираат како туристичка дестинација. Во делот на спортот и создавањето подобри услови за спортување, особено за младите, како локална самоуправа во континуитет ги поддржуваме спортските активности, спортисти и ентузијасти кои придонесуваат за анимирање што поголем број млади во нашата општина да бидат активни во делот на спортот.

Она на што ставивме посебен акцент изминатите години, паралелно со реализацијата на огромен број на проекти, беше создавање услови за економски развој и привлекување на нови инвестиции.Продолживме со активности кои ја зајакнуваат позицијата на Гевгелија како туристички, т рговски и услужен центар на мапата во регионот. Како резултат на тоа имаме одлични резултати и оваа година реализирани се две големи инвестиции во нашата општина, Гевгелија доби Mega Shopping Park, трговски центар на влезот во градот на  површина од 20.000 м², а отворен е трговскиот центар Gevgelija Mall, Vero Jumbo, покрај автопатот Е75 кај граничниот премин Богородица.

Овие две инвестиции носат нови содржини, над 400 работни места и дополнителна понуда за граѓаните, а истовремено придонесуваат  биде уште попривлечна Гевгелија за посетители и нови инвеститори.

Почитувани, сакам да им се заблагодарам на сите кои секојдневно придонесуваат Гевгелија да се развива, да биде поуредна, модерна и подобра за живеење, на вработените во Општина Гевгелија, на јавните претпријатија и установи, на советниците, на сите институции, компании и организации, но пред се на граѓаните кои со своите предлози и барања секојдневно ни даваат поддршка. Ова беа проектите и активностите со кои во изминатиот период продолживме да работиме на развојот на Гевгелија и на подобрување на условите за живот во сите делови од нашата општина.