Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Амбасадата на Шведска во Скопје го отвори конкурсот „Шведска амбасадорка на еден ден“

Амбасадата на Шведска во Скопје по шести пат го отвори конкурсот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Шведска во Скопје по шести пат го отвори конкурсот за позицијата „Амбасадорка на еден ден“, наменет за девојки на возраст од 15 до 29 години кои се заинтересирани за прашањата поврзани со родовата еднаквост, еднаквите можности и спречувањето на насилството врз жените и девојките.

Како што соопшти Амбасадата, избраната кандидатка ќе го следи амбасадорот во текот на еден работен ден, ќе присуствува на состаноци, ќе соработува со персоналот на Амбасадата и ќе учествува во нејзините дневни активности.

Во повикот се наведува дека заинтересираните кандидатки треба да достават мотивациско писмо, кратка биографија со осврт на нивните активности за промоција на родовата еднаквост, две препораки и, доколку се на возраст од 15 до 18 години, писмена согласност од родител или законски старател.

Реклама

-Краен рок е 10 ноември 2026 година до полноќ, а пријавувањето се врши по електронски пат на адресата [email protected] – информираат од Амбасадата.

Оттаму посочуваат дека кандидатките кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на онлајн интервју, а конечниот избор ќе биде објавен до 15 декември годинава.

Според Амбасадата, успешната кандидатка своите обврски ќе ги извршува на почетокот на 2027 година, околу 8 март, на датум што дополнително ќе биде договорен.

Иницијативата #GirlsTakeOver се реализира по повод Меѓународниот ден на девојките, 11 Октомври, при што девојки ширум светот симболично заземаат лидерски позиции. Во неа учествуваат Шведското Министерство за надворешни работи и шведски амбасади во повеќе земји.

аинтересираните кандидатки можат да најдат повеќе информации на линкот до објавата на конкурсот Vacancy Announcement: Ambassador for a Day – Sweden Abroad и на социјалните мрежи на амбасадата: @SwedenInMK”.