Вештачката интелигенција мора да биде дел од бизнис секторот и туризмот, но мора да бидеме внимателни, бидејќи постојат и опасности. Влегуваме во време кога вештачката интелигенција е многу важна за бизнис секторот, кој треба да ја примени на паметен начин во наредните 10 години.

За студентите е исто така значајно паметно да ги употребуваат дигиталните алатки на електронските уреди, бидејќи е неизбежна употребата при изработка на семинарските и дипломските трудови и воопшто во учењето. Целта е да се подобрат вештините, но и да се зголеми продуктивноста. Ова беше заклучокот на десеттата меѓународна конференција „ICON BEST 2026“, на која учествуваа професори, научници, експерти и претставници на бизнис-заедницата.


