Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

ВМРО- ДПМНЕ прва меѓу партиите, а Христијан Мицкоски кај лидерите. Политичката трка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО- ДПМНЕ прва меѓу партиите, а Христијан Мицкоски кај лидерите. Политичката трка засега има јасен фаворит. Според анкетите, рејтингот на власта и опозицијата има разлика што тешко се занемарува.

Последното истражување спроведено од агенцијата Маркет Вижн за порталот  МКД.мк покажува дека најголемиот дел од граѓаните или 19,3 проценти својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ , додека  СДСМ ужива доверба од само 5,6 проценти од испитаниците. Овие проценти јасно покажуваат дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила безмалку 4 пати повеќе гласово од СДСМ.

Во албанскиот политички блок,  рејтингот на ДУИ и ВЛЕН е изедначен. По 4,2 проценти од учесниците во анкетата би го дале својот глас за овие партии.

Реклама

Левица е подолу со 4 отсто, а ЗНАМ има доверба од 1 процент од анкетираните.

И кај партиските  лидери, Мицкоски го остава Филипче далеку зад себе. Добил пет пати поголема доверба или  20,4% пред лидерот на СДСМ кој го држи второто место, со само 3,8% поддршка од граѓаните.

Под Филипче се најде Али Ахмети со 3,7%, а 3,4 отсто од граѓаните се исјасниле  дека имаат доверба во лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Изет Меџити ја добил довербата од 2,6% од граѓаните. Лидерите на Влен, Меџити, Касами и  Гаши, заедно, со 3,9 отсто доверба се во предност во однос на лидерот на ДУИ  Ахмети. 41 отсто од испитаниците се изјасниле дека нема, не знаат дали ќе гласаат или пак не сакаат да одговорат на прашањето.

И оваа анкета покажуива дека и по повеќе од две години власт, убедливо е водството на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните немаат алтернатива за довербата што ја има Христијан Мицкоски.

Истражувањето е спроведено телефонски, од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници за потребите на порталот МКД.МК.