Излезот од билатералниот спор со Бугарија е дијалог и добро е што тој започна. Премиерот Христијан Мицкоски по средбата на шефовите на дипломатиите на Макеоднија и Бугарија Муцунски и Петрова Чамова очекува дека и во иднина ќе продолжат разговорите и средбите, се со цел да се дојде до конечно решение. Иако средбата не донесе напредок, Бугарија останува на истите барања од преговарачката рамка, а Македонија не отсапува без да има гаранции за нови вета, сепак дијалог има. Премиерот очекува разговорите да продолжат и во скора иднина да се приближат дијаметрално спротивните ставови на државите.
„Во разговор, во дијалог, во тоа е излезот. Тоа е убавината на демократијата кога разговарате за нешто што не се согласувате. Дијалогот почна, Евроспакта унија е запознаена со содржината на дијалогот. Убвавината на дмеократијата е да разговарате кога немате исти ставови, а умешноста во демократијата е ставовите да се приближат, вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
За многумина исходот од разговорот меѓу шефовите на дипломатиите на Бугарија и Македонија беше очекуван, дека нема да има попустливост од која било од страните или поместување на позициите. Анализите на ескпертите се во насока дека сепак е добро што по долг застој, се прави некаков чекор.
Муцунски на средбата повторил дека задирањето во македонскиот јазик, историјата, идентитет и култура не смее да постои, ниту пак тоа да го опторува европскиот пат на земјава. Покрај Македонија, цврста останува и Бугарија. Тие уште се на ставот дека Македонија мора да го исполни она кое што во 2022-ра година го прифати претходната власт на СДСМ и ДУИ. Во спротивно, стартот на преговори со Европската Унија се невозможни.
Петрова Чамова истото го повтори и во бугарскиот парламент на пратенички прашања.
Средбата ја иницираше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен за време на нејзината балканска турнеја.
Сега сите очи се вперени кон Европскиот совет, кој следната недела треба да одлучува за документот за проширувањето од Европската Комисија со кој се предлага да се укине правото на вето во преговорите.
Во документот од 25 страни, Комисијата му препорачува на Советот да се согласи со примената на квалификуваното мнозинство, но сепак, ветото останува како можност на самиот крај од преговорите со ЕУ. Досега од официјална Софија се изјаснија дека се против укинувањето на право на вето.

