Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека резултатите од последната анкета, според која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека резултатите од последната анкета, според која тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат значителна предност пред опозицијата, претставуваат потврда дека граѓаните ги препознаваат политиките и перформансите на опозициските партии.

Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во завршните работи на музејските објекти на Скопското Кале, Мицкоски оцени дека анкетните резултати се лоша вест за неговите политички противници.

-Тоа е лоша вест за оние кои што одлучија да водат политика со лаги, со клевети, со измислици, со навреди и така натаму и така и ќе биде – рече премиерот. 

Реклама

Мицкоски посочи дека „граѓаните се свесни за работата и однесувањето на опозицијата“, поради што, рече, таа продолжува да ја губи довербата.

– Тие ќе продолжат да тонат затоа што граѓаните се свесни за перформансите на денешната наша опозиција – истакна премиерот. 

Мицкоски додаде дека опозицијата не нуди конкретни решенија и политики, туку се фокусира на критики и обвинувања кон власта. 

– Оние кои што имаат седум години можност, а ја ограбија и ја уништија државата, сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да клеветат, да лажат и така натаму и тие ќе продолжат да тонат се до конечно дефакторизирање од политичката сцена – нагласи премиерот Мицкоски.

Пследната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ во периодот од 11 до 27 септември на примерок од 1.200 испитаници, покажува големи разлики во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче. 

На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори?“, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2 отсто. 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање. Меѓу испитаниците кои се определени за одредена политичка партија, за Левица би гласале 4 отсто од испитаниците, за ЗНАМ 1 отсто.

И кај лидерите, довербата за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски – 20,4 отсто е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ – 3,8 отсто. 

Според резултатите од анкетата, 44,1 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5 отсто не сакаат да одговорат на ова прашање.