Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Промовирани „Кошница со калинки“ и „Штркот Гвин“ на Марина Мијаковска пред гевгелиската публика

Пред ученици и наставници од општинското основно училиште “Владо Кантарџиев” во Гевгелија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред ученици и наставници од општинското основно училиште “Владо Кантарџиев” во Гевгелија попладнево се промовираа детските сликовници „Кошница со калинки“ и „Штркот Гвин“ од македонската поетеса, есеистка и книжевен критичар д-р Марина Мијаковска. 

Во малата сала на Народниот театар во Гевгелија авторката ја одржа промоцијата со интерпретација на приказните од сликовниците, а во промоцијата учествуваа и дел од учениците. Организатор на настанот кој се одржа во рамки на одбележувањето на детската недела е Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија.    

Во белешката за „Кошница со калинки“ стои дека сликовницата е инвентивна и едукативна, наменета за децата од предучилишна и од рана училишна возраст. Со помош  на приказната децата се едуцираат на сликовит начин да дознаат каде, кога и како расте, цути и созрева калинката, каква боја има цутот, а каква плодот, што содржи и зошто е здраво да се јадат калинки.

Реклама

Книгата ја развива љубопитноста кај децата и говорните вештини преку ликот на девојчето со име Калина која набљудувајќи го дрвото со калинки во бабината градина, учи за нив и го пренесува знаењето на својата другарка Лина. „Штркот Гвин“ е нова книга за деца што низ авантурите на истоимениот протагонист носи приказна инспирирана од Скопје, неговото културно наследство и чувството на припадност. Сликовницата е наменета за деца од училишна возраст, но е замислена и како четиво што може да го привлече вниманието и на повозрасната публика.