Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Срдечно и конструктивно, но само до тука. Средбата меѓу шефовите на дипломатиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Срдечно и конструктивно, но само до тука. Средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова не донесе ништо, освен пораки дека двете страни остануваат цврсти на своите позиции, но и договор дека дијалогот мора да продолжи, со цел обиди за приближување на дијаметрално спротивните ставови. Добро познатите официјални ставови  беа соопштени по билатералката на прес конференција , а што точно си кажале двајцата министри зад затворени врати е непознато. Снимање на почетокот на средбата не беше дозволено, со одлука на двата кабинети. Од министретсвата беа испратени само фотографии.

За многумина исходот од разговорот меѓу шефовите на дипломатиите на Бугарија и Македонија беше очекуван, дека нема да има попустливост од било која од страните и поместување на позициите. Анализите се во насока дека сепак  е добро што по долг застој, се прави некаков чекор.

Муцунски повторил дека  чепкање на македонскиот јазик, историја, иднетитет и култура не смее да има и дека тие не смеат да го опторуваат европскиот пат на земјава. Покрај Македонија, цврста останува и Бугарија. Сме морале да го исполниме она кое што во 2022-ра година го прифати претходната власт на СДСМ и ДУИ, инаку старт на преговори со Европската Унија се невозможни.

Реклама

Петрова Чамова истото го повтори и денеска во бугарскиот парламент каде што имаше пратенички прашања .

Европскиот консензус како што вие знаете многу добро е поддржан од сите земји членки на Европската Унија. Не станува збор за барање на бугарската страна, туку за европски услови. Тој распишува јасни алгоритам, кој што е предвидлив и кои има конкретни одговорности кон македонската страна. Нивниот напредок е во зависнот од исполнувањата на нинвите задачи. Основата се состои и основното наше барање е целосното гарантирање на правата на Бугарите во Македонија, изјави Петрова Чамова.

По враќањето од Софија министерот Муцунски продолжи со дипломатските активности и лобирањето пристапниот процес да биде заснован на заслуги. Тој денеска се сретна со холандските амбасадори во земјите од Југоисточна Европа, кои престојуваат во Скопје во рамки на регионална амбасадорска конференција.

-Разговаравме за билатералните односи, европската интеграција и спроведувањето на реформската агенда. Изразив благодарност за континуираната поддршка од Холандија за пристапен процес заснован на заслуги, со владеењето на правото како клучен елемент на реформите, напиша Муцунски.

Сега сите очи се вперени кон Европскиот совет, кој следната недела треба да одлучува за документот за проширувањето од  Европската Комисија со кој се предлага да се укине правото на вето во преговорите . Во документот од 25 страни, Комисијата му препорачува на Советот да се согласи со примената на квалификуваното мнозинство, но сепак, ветото останува како можност на самиот крај од преговорите со ЕУ. 

Матеја Петровски