Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче, и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на цар Самуил. Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции наместо македонските. Филипче секојдневно вели Бугарите во Уставот, па сè друго. Ова е истиот став како оној што го има и соседна Бугарија – истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот.
Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на цар Самуил во Бугарија.
Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување.
Почитувани граѓани,
Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија.
Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме.

