Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Трибина за менталното здравје вечерва во Домот на културата во Гевгелија

Под мотото „Да се слушнеме: од вистински гласови до вистинска промена”, Комората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Да се слушнеме: од вистински гласови до вистинска промена”, Комората на психолози на Македонија вечерва од 19 часот во Домот на културата „Македонија“ во  Гевгелија организира јавна трибина.

Како што соопштуваат од Комората, на трибината која е од јавен карактер ќе зборува психологот Розита Андонова од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност од Гевгелија заедно со психолози од регионот што ги опфаќа Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. 

На трибината е предвидено психолози и претставници на Општата болница Гевгелија да зборуваат за менталното здравје и да одговараат на прашања од присутни жители на Гевгелија и на околината.

Реклама

Трибината се организира по повод 10 Октомври, Светскиот ден на менталното здравје, а според организаторите ќе биде посветена на разговорот за менталното здравје низ различни перспективи, вистинските искуства, предизвиците и можностите за промена во нашата заедница.

По повод Светскиот ден на менталното здравје, Комората на психолози на Македонија во периодот од 6 до 14 октомври организира над 60 работилници, акции и трибини на 15 локации низ државата, наменети за ученици, наставници, родители, млади и сите заинтересирани граѓани.