Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДСM со државата

Венко Филипче дури откако почнаа внатрепартиските пресметки проговори за криминалот во СДСM…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче дури откако почнаа внатрепартиските пресметки проговори за криминалот во СДСM и конкретно ја прозва Славјанка Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Филипче со објавувањето на овој скандал јавно потврди за корупцијата и криминалното владеење на СДСM.

Филипче почна да зборува за истрага и кривични дела, расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие.

Реклама

Кога веќе Филипче почна да говори за криминалот и скандалите во СДСM нека даде одговор и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добил автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев.

Јавноста очекува одговори и за наводите што се појавуваат во јавноста за овие скандали.

Ако Филипче навистина сака да се бори против корупцијата, тогаш нека важи истото правило за сите и за политичките противници, и за неговите најблиски соработници, и за него самиот.

Затоа Филипче, ако почна да зборува за криминал и корупција во СДСM нека бара истрага до крај. Филипче нека биде транспарентен и неселективен до крај.

Ако Филипче нема што да крие, тогаш нека одговори на сите прашања што јавноста со години ги поставува. Доста е со селективна транспарентност. Јавноста заслужува целосни одговори.