Општина Илинден почна со реализација на нов капитален проект за доградба на Средното општинско стручно училиште „Илинден“, со цел проширување на училишните капацитети и подобрување на условите за настава и практична работа.
Проектот предвидува изградба на нов дел со површина од околу 160 квадратни метри, распоредени на приземје и кат. Во новиот објект ќе бидат сместени современа училница, односно работилница за практична настава, две канцеларии, помошна просторија и санитарни јазли.
Новиот простор ќе биде поврзан со постојниот училиштен објект преку застаклен коридор, со што ќе се обезбеди функционална поврзаност и непречено движење во рамките на училиштето.
На почетокот на градежните активности изврши увид градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
-Проектот опфаќа изградба на нов дел со вкупна должина од околу 160 квадратни метри, составен од приземје и кат, во кој ќе бидат сместени современа училница, односно работилница наменета за практична настава, две канцеларии, помошна просторија и санитарни јазли. Новиот простор ќе биде поврзан со постојниот училиштен објект преку застаклен коридор, со што ќе се обезбеди функционална поврзаност и непречено движење во рамки на училиштето- истакна Георгиевски.
Со реализацијата на проектот, Општина Илинден очекува да се подобрат условите за учениците и наставниот кадар, да се унапредат капацитетите за практична настава и да се придонесе кон развојот на средното стручно образование.

