Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Четири собраниски комисии ќе расправаат за предлог-закони од областа на администрацијата, јавниот сектор, шумите

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии –  Комисијата за политички систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии –  Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се најдат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-законот за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка.

Реклама

На седница ќе се состане и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, која ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Македонија.

Истите законски решенија ќе бидат разгледани и на седница на Законодавно-правната комисија, која ќе расправа за предлог-измените на законите за високи раководители, административни службеници, вработените во јавниот сектор, платите и надоместоците на избраните и именуваните лица, како и за измените на Законот за шумите.