Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Енергетската транзиција и билатералната соработка теми на средбите на Божиновска во Австрија

Зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Австрија во областа на енергетиката беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Австрија во областа на енергетиката беше во фокусот на посетата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на Виена, каде што учествува во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.

Во рамки на престојот, Божиновска остварила работна средба со генералниот секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија, Северин Грубер, на која биле разгледани билатералните и економските односи, актуелните прашања во енергетиката, енергетската транзиција и можностите за продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот сектор.

Како дел од програмата, министерката учествувала на сесија посветена на оперативното управување со кризи, а остварила и работен ручек со директорот на Дипломатската академија на Виена, амбасадорот Мартин Ајхтингер, на кој се разговарало за лидерството, јавната служба и значењето на меѓународната размена на искуства.

Реклама
Зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Австрија во областа на енергетиката беше во фокусот на посетата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на

Во продолжение на престојот во Виена, Божиновска ќе има обраќање пред студентите на Дипломатската академија на Виена и предавање посветено на енергетската транзиција и состојбите во македонскиот енергетски сектор. Пред студентите ќе бидат презентирани процесите за развој на обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, енергетската сигурност и регионалното енергетско поврзување.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека со учеството во програмата се отвора простор за нови партнерства и меѓународна размена на искуства во енергетскиот сектор.