Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Министерот Стоилковиќ на отворањето на новиот адреналински парк во Крива Паланка

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, присуствувал на отворањето на Адреналинскиот парк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, присуствувал на отворањето на Адреналинскиот парк на локалитетот Калин Камен, дел од проектот „Прекугранична атрактивност – паметен туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка – Невестино“, поддржан преку програмата Interreg IPA Бугарија – Северна Македонија.

Во проектот соработуваат шест партнери, а вкупната вредност изнесува над 975 илјади евра. За активностите на Општина Крива Паланка се предвидени речиси 305 илјади евра, од кои околу 45 илјади евра се национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

-Зад овие бројки стои конкретна придобивка за граѓаните. Со уредувањето на овој простор, Крива Паланка добива нова туристичка содржина и нова причина посетителите да дојдат, да останат подолго и да ги запознаат природата, културата и луѓето од овој крај – истакнал Стоилковиќ.

Реклама

Тој посочил дека проектот ги поврзува Калин Камен, Кокино, Хисарлка и Света Ана во поширока прекугранична туристичка понуда.

-Тоа е суштината на соработката – секое место има своја вредност, а заедно можат да привлечат повеќе посетители и да создадат поголеми можности за целиот регион – истакнал министерот Стоилковиќ.

Адреналинскиот парк на Калин Камен е најголемата инфраструктурна инвестиција на македонската страна во рамки на проектот и една од позначајните инвестиции во туристичката инфраструктура во Крива Паланка во последните години.

Со реализацијата на проектот, Калин Камен се развива како четирисезонска туристичка дестинација и центар за активен и авантуристички туризам во Североисточниот регион, со потенцијал за зголемување на бројот на посетители, подолг туристички престој и поттикнување на локалниот економски развој.