Уставниот суд на денешната седница укина дел од одредба од Законот за социјалната заштита со која како услов за остварување право се предвидуваше лицето да е невработено, да не користи пензија и да има навршено 60 години возраст за жена, односно 62 години за маж.
На 24. седница Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 34-в став 9 од Законот за бесплатна правна помош, по иницијатива на Оливер Давидовски, како и постапка за оценување на уставноста и законитоста на повеќе акти на Агенцијата за супервизија на осигурување поврзани со вршењето осигурително-брокерски работи.
Судот, пак, не поведе постапка за оценување на уставноста на член 157 став 8 од Кривичниот законик, како и за член 461 ставови 2, 3 и 4 од Законот за парничната постапка.
Поради недобиено мнозинство, Судот не донесе одлука по предлогот за поведување постапка за оценување на уставноста на одредени делови од член 36 од Законот за заштита на децата, додека ја отфрли иницијативата за член 38 став 3 од истиот закон.
На седницата беа отфрлени и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за педагошка евиденција и документација во средните училишта.

