Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Честитка од министерот Ферати за новоизбраната претседателка на Косово, Јустина Широка Пула

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, ги поздрави најновите политички случувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, ги поздрави најновите политички случувања во Косово, оценувајќи го изборот на новата претседателка и постигнатиот политички консензус за Законот за Специјализираните совети како важни чекори кон зајакнување на институционалната стабилност и демократските процеси во земјата.

Ферати ја истакна и посебната блискост меѓу Северна Македонија и Косово, изразувајќи уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува.

-Ѝ честитам на г-ѓа Јустина Широка Пула за изборот за претседателка на Република Косово и ѝ посакувам успешен и плоден мандат, исполнет со голема одговорност и резултати во служба на граѓаните. Македонија и Косово споделуваат посебна блискост, силни човечки врски и заеднички интереси. Убеден сум дека соработката меѓу нашите две земји ќе продолжи да се продлабочува, во интерес на нашите граѓани, како и на стабилноста и развојот на регионот, порача Ферати.

Реклама

Тој упати честитка и до политичките актери во Косово за, како што посочи, постигнатиот консензус околу Законот за Специјализираните совети, како важен чекор за институционалното функционирање.

-Охрабрувачки е да се види како Косово напредува кон институционална стабилност и зајакнување на демократските процеси. За овој придонес, ја изразувам мојата благодарност и до премиерот Аљбин Курти, како и до сите оние кои придонесоа за постигнувањето на овој консензус – истакна министерот.