Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Клековски: Измените на правилникот за боледувањата набргу ќе стапат во сила, ја потпишав согласноста

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека ја потпишал согласноста за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека ја потпишал согласноста за измените и дополнувањата на правилникот за боледувањата и дека тие набргу ќе бидат објавени во „Службен весник“ и со тоа ќе стапат во сила.

– За подобрувањата за разни групи на пациенти нема да говорам, мислам дека Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) имаше соопштение вчера за тоа кои ќе бидат олеснувањата за да не се стекне впечаток дека само се зголемуваат контролите – додаде Клековски.

Тој неодамна рече дека сите измени на правилникот за боледувањата, кои се планирани, се правени врз основа на компаративни анализи, има многубројни злоупотреби на боледувањата и целта е тие да се спречат. Истакна дека не смета оти намалувањето на периодот за кој матичен лекар може да отвори боледување од седум на пет дена е казна за граѓаните оти, вели, има инфлација на боледувања, на такви што се издаваат на телефон. Според него, пет дена за такво боледување е сосема доволно.

Реклама

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Златко Перински, пак, истакнува дека предложените измени на правилата за боледување не го скратуваат правото на боледување, туку предвидуваат медицинските критериуми за продолжување да почнат да се применуваат по петтиот наместо по седмиот ден.

Во правилникот за боледувањата на ФЗО се наведува дека матичниот лекар и натаму останува надлежен да ја утврдува привремената спреченост за работа до 15 дена, а за период подолг од 15 дена одлучува лекарската комисија на Фондот.

Промената од седум на пет дена не значи дека боледувањето завршува на петтиот ден. Станува збор за период по кој, доколку здравствената состојба бара продолжување на боледувањето, се применуваат медицинските критериуми предвидени за конкретната дијагноза. Клучната граница од 15 дена во надлежност на матичниот лекар останува непроменета. Истовремено, со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем – информираат од ФЗО.

Од таму велат дека меѓу поважните олеснувања се: за некои од дијагнозите нема да биде потребно пациентот да се упатува на лабораториски испитувања, туку процената ќе може да ја направи матичниот лекар; за некои од дијагнозите се проширува временската рамка предвидена со критериумите; по 15-тиот ден, предлогот за привремена спреченост за работа – ПСР матичниот лекар ќе го доставува електронски наместо преку досегашната рачна постапка; се прошируваат случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување, како и во други оправдани случаи; кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди доколку се во предвидениот период на важност, без непотребно повторување на истите испитувања; се прецизираат условите за ретроактивно утврдување на боледувањето во оправдани случаи, меѓу кои по завршено болничко лекување; за бремени жени и доилки се предвидува олеснување во однос на радиодијагностичките испитувања со јонизирачко зрачење кога здравствената состојба е соодветно потврдена со специјалистички извештај; кај определени тешки заболувања се предвидуваат исклучоци од обврската за конзилијарно мислење кај боледувањата подолги од 60 дена.