Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

По четири дена топло ладно, Софија официјално прифати да разговара со Скопје.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По четири дена топло ладно, Софија официјално прифати да разговара со Скопје. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски утре во бугарската престолнина ќе седне на маса со својата колешка Велислава Петрова Чамова. Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека само со разговори можеме да дојдеме до стратешката цел што побрзо членство во Европската Унија, кое што одамна сме го заслужиле.

-Пораките наши се јасни дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во која што во моментов се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побрзо да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската Унија, нешто што многу одамна го заслуживме, изјави Мицкоски.

Очекувањата од сребата не се големи, но според упатените добро е што постојат знаци дека процесот се помрднува од мртва точка.

Реклама

-Добро е што средбата се случува, особено по импулсот што го даде и претседателката Фон Дер Лајен за истата. Мислам дека очекувањата не треба да бидат високи, не очекувам некакви суштински пресврти да се случат, меѓутоа да се постави разговорот или сцената на ниво кое што не подразбира взаемни префлања, можеби некогаш надмен однос или условувања и слично, изјави за Алфа, Марко Трошановски претседател на Институт за демократија „Социетас Цивилис“.

За Трошановски многу важна е цврстата позиција на македонската страна и потенцира дека  не трба да се повторува она што го гледавме претхдно, односно потчинетоста на претходната влада.

-Не е прва средба секако од овој тип и до сега не се покажа флексибилност од едната страна, да се случи нешто. Се надевам дека покрај добронамерниот совет кој како што кажа премиерот го дала претседателката Фон Дер Лајен, постои и посилно укажување за важноста Македонија побрзо да се приклучи на возот на земји кандидати, изјави Трошановски.

Оваа средба меѓу Муцунски и Петрова чамова  доаѓа по иницијативата на шефицата на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен која ја соопшти за време на нејзината посета на Скопје.  Средбата во Софија ќе се одржи на маргините на Министерскиот состанок посветен на Коридот 8.

Матеја Петровски