Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Македонија

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за пет часа констатирани 92 неправилности

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, вчера, во периодот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, вчера, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници.

Во рамки на контролите биле проверени вкупно 405 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што кај 92 возила се констатирани неправилности.

-Во рамки на контролите, на технички преглед биле упатени 170 возила, додека 34 се исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Во текот на контролите поднесени се и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а едно возило е одземено согласно член 300-б. Констатирани се и 239 прекршоци од друг вид, се наведува во соопштението од МВР.

Реклама

Од МВР најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени сообраќајни контроли, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност и сигурност при јавниот превоз на патници.