Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари средба со делегација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари средба со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, во рамките на мониторинг-посетата на Македонија, што се реализира во периодот од 6 до 8 октомври.

На средбата, како што информираат од МЛС,  на која присуствуваа двајцата коизвестувачи за локалната демократија, Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гизин од Швајцарија, како и Ивета Рајнхолде, член на Групата независни експерти за Европската повелба за локална самоуправа, се разговараше за состојбата со локалната демократија во земјата, функционирањето на локалната самоуправа, како и за спроведувањето на обврските преземени со ратификацијата на Европската повелба за локална самоуправа.

Посебен фокус беше ставен на препораките содржани во Препораката 466 (2021) на Конгресот за примената на Европската повелба за локална самоуправа во Македонија, како и на напредокот во нивното спроведување.

Реклама

Мониторинг-посетата има за цел да обезбеди сеопфатен увид во состојбата со локалната и регионалната демократија во земјата и да придонесе кон отворен и конструктивен дијалог со националните и локалните власти.

РС Македонија ја ратификуваше Европската повелба за локална самоуправа во 1997 година, со што презеде обврски за почитување на европските стандарди во областа на локалната демократија и локалната самоуправа.

По завршувањето на мониторинг-посетата, делегацијата на Конгресот ќе подготви извештај и препорака за примената на Повелбата во РС Македонија, кои ќе бидат разгледани на една од следните сесии на Конгресот.