Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Божиновска во Виена: Енергетски приоритети, нови партнерства и зајакнување на европската соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од денеска престојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од денеска престојува во Виена, каде што по посебна покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.

Преку посетата во Виена, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги претставува енергетските приоритети на земјата пред релевантни европски институции, претставници на јавниот сектор, дипломати и идни носители на одлуки, со цел отворање нови можности за соработка, размена на искуства и унапредување на партнерствата во енергетиката.

– Програмата „Жени лидери 2026“, организирана од Дипломатската академија на Виена, е посветена на зајакнувањето на женското лидерство и на современите предизвици во јавниот сектор. Учеството на министерката Божиновска овозможува размена на искуства и отворање прашања од значење за иднината на регионот и Европа, вклучително и лидерството, управувањето со кризи, родовата еднаквост и дигиталната дипломатија – посочуваат од МЕРМС.

Реклама

Нагласуваат дека енергетската соработка меѓу Македонија и Австрија е еден од клучните сегменти на посетата. Министерката, како што велат, ќе оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот ќе бидат билатералната и економската соработка, енергетската транзиција, енергетската сигурност и можностите за воспоставување и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.

– Посебен дел од агендата е посветен на младите и идните дипломати. Министерката Божиновска ќе има обраќање и ќе одржи предавање пред студентите на Дипломатската академија на Виена, посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Пред студентите ќе бидат претставени реформите и процесите што го менуваат македонскиот енергетски систем – развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура, постепеното напуштање на јагленот и спроведувањето на праведната енергетска транзиција. Ќе бидат презентирани и приоритетите поврзани со енергетската сигурност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалното поврзување и интеграцијата во европскиот енергетски пазар – прецизираат од МЕРМС.

Посочуваат дека во услови на новата енергетска и геополитичка реалност во Европа посебно значење има регионалната енергетска поврзаност. Во овој контекст, додаваат, значајно место имаат новите енергетски коридори, вклучително и Вертикалниот гасен коридор, кои придонесуваат за поголема сигурност и диверзификација на снабдувањето.

– Со активната меѓународна агенда Министерството продолжува да ги гради партнерствата во регионот и Европа, да ги отвора можностите за нови инвестиции и соработка и да ги позиционира македонските енергетски интереси во пошироките европски процеси. Посетата во Виена е насочена кон создавање конкретни можности за соработка и размена на искуства во енергетиката, со фокус на сигурна, модерна и одржлива енергетска иднина – порачуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.