Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

МОН објави конкурси за стипендии за средношколци во учебната 2026-2027

Министерството за образование и наука денеска објави конкурси за девет категории стипендии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука денеска објави конкурси за девет категории стипендии за ученици од средните училишта во државата за учебната 2026/2027 година. 

Најголем број (1570) се стипендии за ученици кои се запишани во дуалните паралелки, т.е. во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови во  согласност со програмите за стручно образование.

Деветстотини стипендии се предвидени со конкурсот за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта, 300 стипендии за ученици од средно образование (издвоени наставни програми), 180 стипендии се за ученици со посебни потреби од јавните и од приватните средни училишта.

Реклама

По 150 стипендии ќе бидат доделени во три конкурси – за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење; за талентирани ученици – спортисти од јавните и приватните средни училишта и за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици  од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта.

МОН објави и конкурси за доделување 50 стипендии за ученици кои се деца без родители и учат во јавните или во приватните средни училишта и исто толку стипендии за талентирани средношколци од областа на уметностите, кои следат настава во јавните или приватните средни училишта во државата.